Промена на датум било невозможно во Монако

Организаторите на Големата награда на Монако откри дека логистиката потребна за одржување и организација на настанот била преголема и немало никаква шанса за промена на датумот на одржување на трката оваа година.

Доста трки закажани на почетокот на годинава одбраа да бидат одложени и да бараат нов датум во текот на летото и вториот дел од сезоната, сето тоа поради пандемијата на корона вирусот, но Автомобилскиот клуб на Монако целосно го откажа настанот кој требаше да се одржиа на 24 Мај. Тоа значи прва сезона од 1954 година кога Гранд При Монте Карло нема да се вози.

не беше реално да се организира настанот во нов датум. да се бара од 1500 волонтери да ги променат своите планови од мај во август или од компании од кои некои се далеку од монако да се вратат и подоцна во текот на годината да ја изградат патеката беше невозмжно и бевме заглавени.

дополнително, ние не сме единствени во кнежевството монако, има многу настани помеѓу август и октомври, не можеме дасе преклопиме со никого особено откако сме свесни дека ни требаат 45 денови да ја изградиме патеката и 25 денови да ја демонтираме – изјави мишел боери, претседателот на автомобилскиот клуб на монако.

Тој откри дека се било подготвено, а изградбата на патеката веќе било започнато, додека 80% од влезниците биле продадени.

за жал стана невозможно за нас да се бориме против епидемијата која се повеќе се засилуваше, а фиа и формул 1 објавија дека сите трки закажани за мај се откажани или одложени. не беше лесно да донесеме таква одлука особено по ударот кој Ковид-19 го направи во светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ