Промотерите на Франција сакаат ротациско место

Организаторите на трката за Големата награда на Франција работат на останување во Формула 1 во наредните години. 

Патеката Пол Рикар нема договор за следната година откако трката се врати на каледнарот во 2018 година. Неодамна се додадени трките во Мајами и Саудиска Арабија, а за наредната година доаѓаат Лас Вегас и Катар.  Стефано Доменикали најави останување на трката во Франција, но само со ротациско место. 

Организаторите на трката во четвртокот ја потврдија желбата за останување во календарот. 

Француското Гранд При ги следи последните изјави на Стефано Доменикали околу евентуално отсуство од календарот за наредната година.

По успехот од оваа година, Франција и Формула 1 сакаат да продолжат да работат заедно и понататака со ротациски календар. Француското Гранд При сака да им заблагодари на клиентите и администраторите за подршката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ