Главниот промотер на Монако во “аут“

Главниот промотер на најславнта Гранд При трка во календрот, Мишел Боери, се чини дека ќе биде тргнат на страна за трката да ја обезбеди својата иднина на гридот. 

Пред неколку дена тој изјави дека 2025 година е последна година за Монако бидејќи сопствениците на Формула 1 сакаат да преговараат со поинтересни пазари. Но, се чини дека принцот Алберт ги превзема работите во свои раце. 

Стефано Доменикали и Грег Мафеи ми кажаа каква иднина на Формула 1 сакаат, Сакаат подинамично и атрактивно тркање што е невозможно во Монако, Но Монако не е како другите патеки.

Секако има тешки моменти во преговорите, но тоа може да се промени. Некои работи не може да се променат, но сигурен сум дека може да најдеме компромис – смета боери.

На последната трка се појави загриженоста поради големите и тешки болиди кои се тркаа низ улиците. 

Знаеме дека ништо не е вечно. Би било добро да се адаптираат работите – изјави кристијан Хорнер од Ред Бул. 

Оваа година беше и прва со промени во организацијата на Монако каде телевизискиот пренос не го правеа тие самите, туку Формула 1 организацијата.

Во 2025 година повторно ќе ја разгледаме ситуацијата и ќе зборуваме за спонзорства, телевизиски пренос и реклами. Двете страни се заинтересирани.

Почнува нова ера за Монако Гранд При и Деновите на Берни се завршени. Мора да одиме напред и да гледаме во иднината. Не го обвинувам Мишел, но тешко е да се адаптира на ситуацијата и потребен ни е друг преговарач – најави промени стефано доменикали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ