Прост: Враќањето на Алонсо не е маркетинг

Советникот во Рено, француската Формула 1 легенда, Алан Прост, изјави дека маркетингот не тоа што ги оттргнало од намерата да го донесат Себастијан Фетел во тимот. 

Екипата од Енстоун реши да потпише двегодишен договор со Фернандо Алонсо од наредната година, додека Фетел призна дека имал разговори, но не биле конкретни.

Прост признава дека Рено размислувале и за Валтери Ботас. 

Размислувавме за три големи шампиони фернандо Алонсо, себастијан Фетел и валтеди Ботас.

Не знаевме колку е мотивиран Себастијан. За Валтери беше тешко бидејќи е во најдобриот болид. Сакавме некој што нема опција за замена и е целосно мотивиран на проектот – откри прост.

Алан призна дека маркетинг тимот е среќен со потпишувањето на Алонсо. 

Доколку потпишевме само поради маркетинг ќе беше грешка, но сите производители сакаат да ги намалат трошоците. Нормално е да има мал маркетинг аспект во сето ова. 

Алонсо е еден од најголемите возачи во Формула 1, но многумина се прашуваат дали неговиот тежок карактер ќе излезе на површина. 

Тоа е нешто за што разговаравме. Тоа е ризик, но зборувавме искрено. Тој изјави дека се променил и созреал. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ