Прост ги советува Рено да се насочат на 2021

Советникот на Рено, Алан Прост, призна дека Рено треба да ја одработат следната тркачка сезона со силна посветеност кон новите правила кои ќе стапат на сила од 2021 година.

Целта на французите е да дојдат во групата со Мерцедес, Ферари и Ред Бул на врвот од спортот со значително помал буџет од нив.

лани покажавме дека може да се победи на трка со наш мотор. можеме да го направиме истото и со аеродинамиката ако се насочиме и посветиме како што направивме со моторот.

мекларен одлично покажаа што може да се направи со реструктуирање на екипата и носење на нови луѓе. со промените кои ги направија дојдоа пред нас – појасни прост за Auto Motor und Sport.

Француската Формула 1 легенда смета дека новите правила од 2021 година се голема можност, но искористување на истите ќе значи фокусирање на таа година и запоставување на следната.

врвните екипи имаат пари за две програми. дури и ако вообичаено се развиваме во 2020 година, големите имаат буџет и за 2021 година, нешто што за нас е премногу.

Заклучок на Прост е дека Рено мора сериозно да стави приоритет на новите правила.

мораме да се подготвуваме за 2021 година на ист начин како што тоа го прават врвните екипи затоа што на тоа гледаме како на огромна можност за нас.

Фабричкиот Формула 1 тим е под се посилен притисок од Бордот на компанијата поради тоа што се бараат резултати веднаш за да може да се оправда инвестирањето во тркачакта програма.

мораме да донесеме големи одлуки. екипа како рено не може едноставно да се откаже од една сезона и целосно да се жртвува за 2021 година. мораме се да направиме разумно.

ако и официјално дојде до буџетското ограничување и нова дистрибуција на приходите, ние финансиски ќе го реорганизираме тимот и единствено трошокот за моторот, кој е доста голем во моментов, ќе остане.

сите ќе прават нови мотори за 2021 година затоа што новите болиди бараат различна инсталација и различно ладење, но тоа не е причина зошто да не го замрзнеме развојот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ