Прост изненаден од перформансите на Рикардо во Мекларен

Алан Прост се осврна на својот однос со Даниел Рикардо, возачот кој мина во Мекларен за оваа сезона, токму од фабричкиот Рено за кој возеше лани.

Австралијанецот минатите ве сезони работеше со Прост во Рено, а откако направи трансфер, Алан е изненаден, секако негативно, од неговите перформанси особено споредено со она што го испораучва Ландо Норис. Французинот очекувал Дани да биде далеку побрз споредено со Норис, но признава дека може да има многу причини за моменталниот распоред насилите.

изненаден сум затоа што очекував да биде многу побрз и многу подобар во мекларен од ландо. но, можеби не е само до него, различно е сетирањето на болидот кое е прилагодено на еден возач повеќе одошто на другиот. сето тоа и нормално и вообичаено за еден возач – појасни професорот.

Алан уживал во работата со Дани во Рено и смета дека неговот замунвање повеќе му наштетило на самиот проект одошто на амбиентот и атмосферата во тимот.

јас сум многу близок со возачите, како што може да претпоставите за некој поранешен возач, а со даниел многу се поврзавме. јасно е дека резултатите не беа какви што очекувавме, иако имавме добар крај на сезоната со подиуми. тој беше фантастичен за тимот, атмосферата која ја прави и фактот што никогаш не се жали беше одличо.

втората работа е што стана малку исплашен за нашиот проект односно успехот на истиот. моравме да работиме со истиот мотор, а тоа значи дкеа не може да имаме крпни промени ни на шасијата, а во мерцедес го променија моторот. знаевме дека имавме дефицит во однос на мерцедес, така што тој беше загрижен за проектот.

Но, Прост го разбира Рикардо затоа што знае дека изборот во кариерата е многу теок процес за секој возач.

читам многу за даниел, приказни за ред бул, рено и мекларен и тврдења дека нема да стане првак. секогаш е тешко да се прават најдобрите работи во кариерата, тешко е за него, но барем е среќен затоа што е во добра екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ