Прост не е изненаден од проблемите на Алонсо

Посебниот советник на Алпин, Алан Прост, изјави дека не е изненаден од борбата на Фернандо Алонсо да се приспособи по враќањето во Формула 1. 

Алонсо призна дека сеуште е во процес на приспособување на тимот по двегодишната пауза од Формула 1, тркачка серија во која има две титули.

Не сум изненаден од тоа што му треба време затоа што За се треба време. Во симулатор е добар и треба да се навикне на болидот. Физичката кондиција му е добра и да не заборавиме дека имаше велосипедска несреќа која за среќа немаше проблем за него.

Тој е се подобар. Но сеуште не е на врвот. Знае дека очеуваме да е подобар во Франција. Ќе видиме но не сум изненаден што му треба време – изјави професорот.

Прост се потсети на своето враќање во Формула 1 откако беше отпуштен од Ферари. 

Кога се вратив во Португалија, се прашав зошто се вратив. Тоа ми беше голем шок. Мислам дека ментално и психички бев подготвен, Но сепак се чувствував изгубен.

Треба се да биде во вистинско место во однос на физичката кондиција бидејќи внатрешно не може да се тренирате. 

Прост ја освои последната титула со Вилијамс во 1993 откако победи на 3 од 16 трки таа сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ