Прост не очекува големи промени во поредокот догодина

Алан Прост вели дека не очекува големите промени во правилата следната година многу да го променат поредокот и покрај тоа што се работи за строго одредена регулатива.

Откако новите правила се одложија една година поради пандемијата, истите ќе стапат на сила следната година со надеж дека поредокот ќе се изедначи и екипите ќе бидат поблиску една до друга, а возачите ќе може полесно да се следат и почесто да се тркаат.

Прост, кој е Амбасадор на брендот Рено и Советник во Алпин, не очекува некои крупни промени во поредокот.

секогаш сум скептик затоа што сакам прво со свои очи да ги видм промените. со скратено време за работа над болидите и со строги правила, мислам дека нема многу да се промени. но нема ништо точно да знаеме се додека не видиме на патеката.

правилата се толку строги што е многу тешко да се донесат некакви посилни иновации, како што видовме на пример во 1980-тите и 1990-тите години. не мислам дека поредокот ќе биде многу раазличен, иако мислам дека разликите помеѓу екипите ќе се намалат – вели прост.

Една од работите кои се воведени уште оваа година, а со цел да се изедначат екипите, секако е ограничувањето на трошењето. Екипите имаат можност да потрошат најмногу 145 милиони долари во текот на годината, со некои мали исклучоци, а сумата ќе се намалува во иднина.

Професорот смета дека тоа е позитивн чекор, но исто така и дека платите на возачите треба да се вклучи во ограничувањето.

беше клчно да се ограничи трошењето. екипите кои трошат двојно повеќе од нас може да имаат повеќе персонал и повеќе да вложуваат во развојот на болидот. парите се движечка сила во овој спорт.

во мое време генијалноста правеше разлика, имаше помал акцент над финнсиите , но со пристингнувње на големи производители и моќни спонзори, тешко е да не се става акцент над парите.

ограничувањето на буџетот е клучно за да се збие гридот, а вториот чекор е ограничување и на платите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ