Прост открива дека ситуацијата во Рено е стабилна

Неизвршниот директор на Рено, Алан Прост, е убеден дека екипата од Енстон ќе го задржи 5то место на кое се наоѓа во моментов до крајот на првенството, иако признава дека им недостасува стабилност.

Француската фабричка екипа се труди да ги стигне Мекларен на 4то место како најдобри од останатите, но неконстантите перформанси кај нив, а силниот напредок на Ресјгин Поинт и Торо Росо го донесоа и 5то место под знак прашалник.

Во Остин жолтиот болид на Рикардо беше нјдобар од останатите и заврши на 5то место, додека Хулкенберг беше 9ти, сето тоа по трката во Мексико каде Рено исто така забележа двојни поени. Во моментов, на две трки пред крајот на сезоната, Рено има 83 поени, Рејсинг Поинт има 65, Торо Росо еден помалку.

ништо не е готово, но дефинитивно сме посамоуверени. по она што се случи, а што доведе до губење на поени во јапонија, имаше голема разлика затоа што “нашите“ поени отидоа на друго место.

до крајот на сезоната треба да покажеме нешто затоа што добро е за моралот на луѓето по вака тешка сезона.

добри сме во поголем дел од вториот сегмент на сезоната, но понекогаш имам инциденти уште во првите кривини. со малку повеќе среќа ќе бевме во посилна битка со мекларен – смета прост.

Сепак, четирикратниот Формула 1 шампион признава дека требало повеќе од очекуваното за да се изгради од ново фабричкиот тим кој Рено го превзема во 2015 година.

знаеме каде сме, но тешко е да се објасни од надвор зато ашто се обидуваме да изградиме нешто и понекогаш се губиме. во стабилна ситуација сме и почнуваме со промена на организацијата.

прпдолжуваме кон напред, не сме песимисти во врска со иднината, но треба повеќе време одошто планиравме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ