Прост – Сена е омилената борба на Фетел

Според Себастијан Фетел, ривалитетот помеѓу Алан Прост и Аиртон Сена е омилен за него во Формула 1 и смета дека такво нешто нема никогаш да се повтори.

Како и секој млад германец, Себ порасна гледајќи го Михаел Шумахер и неговата доминација во спортот испишувајќи историја и станувајќи легенда на Ферари.

како дете бев огромен фан на михаел и годините кога тој се бореше со мика хакинен беа многу интензивни – вели фетел.

Но, тоа за него не било омиленото ривалство, затоа што епските борби помеѓу Сена и Прост во 1980-тите и 1990-тите години му биле омилени.

ако анализирате низ историјата го имате ривалитетот на прост и на сена што е број еден, но јас тогаш не бев доволно стар за да го разберам. во историјата, веројатно нивната борба беше најнапната и најинтезивни и поради нивните карактери, тоа беше друго време.

денеска светот е позрел и интересите се други, размислувањата исто така, луѓето се позрели и подобро разговараат едни со други и покрај различните гледишта. но, тогш имаше поголем интенитет, луѓето не беа толерантни како денеска, веројатно не беа ни толку зрели.

имаше поголема огорченост и омраза и мислам дека многу мина од тогаш до денеска во однос на развој на спортот надвор од патекта. битките сеуште се интензивни, но такви работи надвор од патеката не се гледаат повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ