Прост смета дека Хамилтон има корист од притисокот на Макс

Четирикратниот Формула 1 првак, Алан Прост, смета дека Луис Хамилтон има среќа што е притиснат од Макс Верстапен и Ред Бул годинава.

66-годишната легенда на спортот во моментов е Неизвршен директор на Алпин Ф1 тимот и е свесен каков притисок е потребен врз возач за да даде се од себе.

имаме голема среќа да бидеме сведоци на првенство како овогодинешното каде за титула се борат двајца одлични возачи. без разлика дали ќе биде макс или луис, ќе имаме фантастичен првак годинава, а тоа е најважно.

за луис е многу важно што го има макс д го притиска во моментов. кога сте освоиле седум титули, сте победиле повеќе од 100 пати, што ви останува? мора да имате дополнителна мотивација.

она што го имам научено од минатото е дека кога имате двајца возачи кои вака жестоко се борат, вадите најдобро од себе и најдобро од тимот, а тоа е фнастично – посочи професорот.

Годинешната броба се случува помеѓу 36-годишниот Хамилтон со над 100 победи и 7 титули зад себе и младиот 24-годишен предизвикувач од Ред бул, Макс Верстапен. Французинот во овој дуел гледа дел од неговите легендарни битки во 1980-тите години со Аиртон Сена.

сите ме прашуваат за мене и сена, но ако се сеќавате на тоа време, имавме 5-6 години разлика, зборуваме за различни генераци. луис и макс имаат 12-13 години разлика, тоа е многу, но верстапен е како млад возач, но со многу големо искуство, брз е, а луис прави тоа што најдобро го знае.

вообичаено младиот има секогаш предност затоа што фановите секогаш сакаат да видат како моче го победува “старецот„, но од друга страна, мора да го почитувате тоа што луис го прави, начинот на кој има перформанси онаму каде што треба е фантстичен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ