Прост: Судбинта на Рикардо во Рено е само во негови раце

Алан Прост, Советникот на Рено, изјави дека моменталната сезона, односно одложувањето на трките од календарот, ќе го смири пазарот на возачи и признава дека францускиот тим можно е да не го задржи Даниел Рикардо. 

Рикардо доби огромен и богат договор со Рено кој истекува оваа година додека се повеќе има гласини за негово заминување во Ферари како замена за Себастијан Фетел. Прост верува дека пандемијата ќе направи големи промени кај тимовите и возачите и тоа како ја гледаат својата иднина. 

Даниел има договор до крајот на годината, потоа може да прави што сака. Немаме опција за продолжување за 2021 година, тој одлучува за понатака. Во моментов разговараме, а Пазарот е мирен бидејќи нема трки. 

Понуда од Ферари за Рикардо е можна, но тој сака да си ја оствари целта за која додје во Рено. 

Тој очигледно ќе добие понуда од Ферари, Но Даниел ни кажа дека е тука за да го заврши предизвикот кој си ги поставивме заедно. 

Многу зависи од тоа како ќе се разивва сезоната, а Прост верува и дека ќе се откаже целата сезона. 

Не знам дали ќе стартуваме во Австрија и потоа во Силверстон. Тоа е многу комплицирано. Може да имаме 15 трки зависност како ќе биде ситуацијата. Кажувам 15 трки не 15 држави бидејќи ќе има повеќе трки на иста патека. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ