Прост: Ф1 мора да биде отворена за секакви предлози

Алан Прост, четирикратниот Формула 1 првак, смета дека Либерти Медиа треба да бидат отворени за секакви предлози во врска со тркачката серија и евентуалниот нејзин почеток. Во моментов најреални се очекувањата за почеток на сезоната во Јули во Австрија и иако има некои негодувања, французинот смета дека сите инволвирани треба да покажат единство.

со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, треба да се биде отворен на се. кога ќе донесете одлука, треба целосно да стоите зад истата и не може секогаш да се критикува. критикувањето може да биде позитивно понекогаш, но не секогаш – изјави прост за француски Canal Plus.

Во моментов, Советникот на Рено смета дека најавата за трки без публика можеби е најдобра.

ако може да се одржуваат трки без гледачи, тогаш тоа е подобро одошто да не се тркаме. формула 1 е спорт како и сите други и луѓето треба да го гледаат.

формул 1 е моторспорт кој “врти“ милијарди евра во земји како франција, италија и англија и тоа е многу важно за целокупната економија.

Алан е загрижен за ситуациај во која спортот би почнал во 2020 година, без да се знае точно распоредок на трките.

не можеме да кажеме дека ќе почнеме во австрија и потоа во силверстон, а за понатаму ќе видиме затоа што тоа ќе биде многу тешко и многу погрешно. можеме да имаме 15 трки затоа што ситуацијата во одредени земји значително се подобрува, но велиме 15 трки не 15 дестинации затоа што добро е и полесно и поефтино е да има по две трки на една патека.

не сакам да навлегувам во детали затоа што не сакам да вознемирам некого, но сигурен сум дека можеме и да немаме трки воопшто, иако јас секогаш се обидувам да останам позитивен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ