Профитот на Ферари зголемен и покрај резултатите и пандемијата

Производителот на луксузни спортски автомобили и легендарна Формула 1 екипа, Ферари, објави дека нивниот профит е на иста основа во третиот квартал додека го надоместува изгубеното производство поради Корона вирусот и затворените фабрики.

Компанијата базирана во Маранело вели дека забележале нето профит од 171 милиони евра во кварталот, споредено со 169 милиони евра во истиот период минатата година. Испораките биле намалени за 161 автомобил на 2313.

Ферари велат дека работат на обновување на производството од 2000 автомобили кое го загубија за време на паузата од 7 недели кога беа затворени фабриките во Италија.

Приходите “паднале“ за 3 проценти на 888 милиони евра, од 915 милиони во истиот период во 2019 година. Приходот од продажба на автомобили пораснал поради специјалните модели Ферари Монца СП1 и СП2, кои се испорачуваат според распоредот, додека приходите од спонзорства, комерцијални и бренд активности се паднати поради пандемијата и откажување на неколку Формула 1 трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ