Работа со инженерот на Хамилтон било одлично за Ботас

Валтери Ботас смета дека сезонава му била дадена одлична можност да работи со еден од поранешните инженери на Луис Хамилтон и да научи повеќе околу методите на седумкратниот Формула 1 шампион.

Откако Тони Рос, инженерот на Ботас, мина во Формула Е програмата на Мерцедес, тимот донесе одлука инженер за трка на финецот да биде Рикардо Мускони, инженерот одговорен за перформанси на Хамилтон. На почетокот од сезонава Валтери победи половина од првите четири трки, а благодарение на најбрзиот круг водеше во возачкиот поредок. Тој откри дека дел од напредокот се должи и на работата со Мускони.

за мене беше добро да направам некаква промена и да почнам на различен начин да работам со инженерите. ричи долго време работеше со луис, знае многу детали во врска со неговите возачки техники и неговите сетирања.

секако дека секогаш е одлична можност за мене да откријам нешто дополнително од вообичаеното кое го добивам на состаноците и преку анализа на податоците. убаво е да се има свеж пристап од страна на инженерите – појасни ботас.

Пред три години кога Хамилтон заедно со Розберг возеа за Мерцедес, се појавија големи незадоволство поради промена на тимскиот персонал во текот на сезоната. Таа година “сребрените“ направија по пет промени на инженерите за секој возач, како и промена на првиот механичар во тимот.

Валтери смета дека тоа што Мускони преминал на другата страна на гаражата без при тоа да предизвика било какви потреси во тимот е доказ за одличниот однос кој владее помеѓу него и Хамилтон.

никогаш немаше никаков проблем околу тоа и дефинитивно се покажа дека одлично ги менаџираме работите како што следуваат. хамилтон сеуште е гладен како и секогаш и подобар од било кога. за него нови луѓе, исто како и за мене, се нова можност за докажување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ