Раиконен без зборови по слабите перформанси во Абу Даби

Кими Раиконен вели дека Алфа Ромео заостанувале 2 секунди по круг зад ривалите во средината од поредокот во Абу Даби споредено со Бразил, но финецот не знае кои се причините.

Двојниот пласман во топ 5 во Бразил се најдобрата трка за екипата во сезоната, но од друга страна, Јас Марина ќе биде трка за заборавање. Од квалификациите, во кои Раиконен и Џиовинаци беа елиминирани во К1, до трката во која се пласираа на 13то и 16то место, Алфа во ниту еден момент не беа конкурентни.

Не беше лесно цел викенд. Се мачевме со пневматиците, не функционираа, во само две недели болидот стана 2 секунди побавен во однос на тие против кои се тркавме, но тоа е што е.

Во трката беше малку подобро, но не бевме доволно брзи. Не бевме доволно блиску за да се бориме за поени. Во текот на еден круг, дури по првите неколку свиоци, немаше температура во пневматиците, но беше уште потешко во последниот сектор бидејќи таму треба најголем грип.

Дефинитивно не бевме каде што сакаме. Сакаме да бидеме како во првиот дел од сезоната, но од повеќе причини ја немавме брзината. Изгубивме многу брзина, паднавме во редоследот, но тоа е.

Раиконен ќе тестира за Алфа Ромео во Абу Даби недела во тестот за Пирели и пневматиците за 2020 година, на кој се надева дека ќе откријат кои се причините за слабите перформанси во трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ