Раиконен: Проблеми со издржливост не се дозволени

Финецот Кими Раиконен им кажал на одговорните во екипата дека не смее да си дозволи проблеми со издржливост на предсезонскиот тест. 

Тимот имаше лоша сезона минатата година откако едвај се бореше на крајот на средниот ред. Годинава целта е да биде подобар од Хаас и Вилијамс и да напредува напред на гридот. 

Мора да ги поставиме главните цели. Секако тимот има многу начини да пробува, Возачите сакаат да пробуваат различни конфигурирања и мора да има некаков компромис. сепак, не се дозволени проблеми со издржливоста поради тоа што не смее да губиме пола ден бидејќи нема да има што да работиме.

Најважно е да се избере што ќе се тестира и тоа да се проба. Се надевам дека ќе извозиме доста километри без проблеми – очекува поранешниот формула 1 првак.

Социјалните медиуми беа преплавени со слики и видеа од тренинзите на возачите, но како што може да се претпостави Кими имаше различен пристап. 

Не сум вежбал од крајот на минатата сезона. Дојде божиќ па нова година, па бев во Финска и сега сме назад во Швајцарија. Поминувам многу време со семејството и правам нормални работи како тренинг и посета на фабриката. Наскоро ќе почнеме пак да патуваме и сакав да го искористам времето. Немам фиксен план. Уживав во некои тренинзи, но не бев редовен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ