Раиконен: Резултатот од Бразил е поттик за Абу Даби

Алфа Ромео пристигнуваат во Абу Даби по одличнио пласман на 4то и 5то место во Бразил, а Кими Раиконен смета дека тоа е голем поттик за тимот по неколку разочарувачки трки.

Раиконен заврши на 4то место во Бразил по казната за Луис Хамилтон откако шампионот имаше контакт со Александер Албон, а финецот сега сака да продолжи со таков резултат и во Абу Даби за да ја заврши сезоната со добри перформанси.

Одвај чекам на последната трка во Абу Даби. Резултатот од Бразил беше голем поттик за нашата самодоверба и сакаме да ја завршиме сезоната во иста насока.

Секако, одвај чекам и на паузата по тоа, но моментално фокусот е кон трката викендов. Знаеме дека може да стигнеме до добар резултат и ќе дадеме се од себе да го постигнеме тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ