Раиконен сака скратен викенд од следната година

Финецот Кими Раиконен изјави дека Формула 1 не треба да чека до 2021 година за да го скрати тркачкиот викенд бидејќи случувањата во Четврток, според него, се губење време.

Со новите правила од 2021 година, ФИА потврди дека ќе има скратен викенд со откажување на сите настани за Четврток. Наместо тоа, се ќе се случува во Петок и тренинзите ќе бидат подоцна во текот на денот.

Раиконен би сакал тоа да се случи веќе од 2020 година.

Тоа треба да се случи наредната година бидејќи четвртоците се бескорисни. Мислам дека тоа е добар чекор напред и не треба многу да се планира. Ќе биде подобро за тимовите бидејќи нема да губиме време – смета кими.

Гасли се согласува со Раиконен.

Мислам дека сите сакаат повеќе денови да поминуваат дома со семејствата. Не е лесно во падокот за сите кои се таму по цели недели.

Но, ФИА објави дека можно е календарот да се зголеми на 25 трки, а Карлос Саинз изјави дека тоа може да направи проблеми.

Сеуште има многу патувања и напорна работа од механичарите, Но мислам дека со поголем календар ќе има повеќе проблеми. 21 или 22 трки веќе се премногу. Тој екстра ден ќе намали нешто но нема целосно да се компензира доколу имаме 22 или 25 трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ