Раиконен сеуште не кажува ништо за својата иднина

Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, е сеуште релаксиран околу неговата иднина во Формула 1 иако често се спомнува негово пензионирање. 

Шампионот од 2007 година ќе замине како најстар возач во Формула 1 бидејќи на крајот на оваа сезона ќе има 42 години. Неговиот колега, Антонио Џовинаци, веќе се покажа како достоен конкурент на Раиконен и иден лидер на тимот.

Нема разлика во моите планови од лани. Сеуште сме во иста ситуација и ќе видиме што ќе се случи. Сакам да уживам и да видам што ќе се случи. 

Раиконен сепак нема планови за тоа што би правел по пензионирањето. 

Не знам каде ќе бидам за пет или десет години. Дали ќе бидам тимски шеф или советник ќе видиме. 

Кими смета дека стигнал до врвот на моторспортот и има големо искуство. 

Се е различно од времето кога започнав, тогаш Имав малку искуство во трките. Денешните момци имаат искуство благодарение на Формула 2 и Формула 3.

Направив голем чекор од Формула Рено во Формула 1, но спортот се промени. Се е исто само ја сум постар. Животот те менува на различен начин кога стекнуваш искуство. Понекогаш е позитивно понекогаш не. Давам се од себе и животот оди напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ