Раиконен: Соработката помеѓу Себ и Ферари не е толку лоша

Кими Раиконен се сомнева дека соработката помеѓу Себастијан Фетел и Ферари е толку лоша како што мислат многумина и пишуваат медиумите и е сигурен дека тимот ќе му даде еднаков третман како на Шарл Леклер.

Фетел си заминува од Ферари на крајот на годината откако тимот одлучи да не му продолжи договорот по 2020 година, а наместо него потпишаа со Карлос Саинз.

Искрено, разговарав со него минатиот викенд, набрзина кога се видовме, мислам дека беше пред стартот. Не знам што се случува таму, не е моја работа. Мислам дека не е фер да се коментира дали некој е третиран на лош начин, бидејќи не знам што се случува.

Се сомневам дека имаат толку лоша соработка како што луѓето го прават тоа да изгледа. Очигледно некогаш се случуваат вакви работи, си заминувате од екипа или избирате да заминете, како и да е. Ќе видиме што ќе се случи во неговата иднина. Него треба да го прашате.

Не би коментирал колку е тешко по само една трка. Не беше лесно ниту за Алфа. Сигурен сум дека ќе бидат посилни од минатиот викенд – изјави финецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ