Раиконен ќе го замени Фетел во Ферари?

Шпекулациите во Формула 1 околу пазарот на возачи веќе започнаа, но сега почнуваат со нов моментум. Дали Кими Раиконен би можел да го замени Себастијан Фетел во случај германецот да замине од Ферари годинава?

Оваа теорија излезе од италијанскиот медиум Circus F1, според која враќањето на финецот во Маранело можеби е план Б. Фетел е три места и 100 поени позади Луис Хамилтон на средина од 2019 година која започна со Фетел и Ферари како фаворити.

Сепак, СФ90 не се докажа на патеката, а напорите на Фетел се во сенка на продолжетокот на грешки кои го спречија во борбата за титула минатата година. Иднината на Фетел е под знак прашалник, особено откако победата во Канада му беше одземена поради одлука на стјуардите.

32 годишниот возач инсистира дека тој ќе биде во Формула 1 и по 2019 година, но во Велика Британија уште еднаш се покажа падот во неговата форма по сударот во Макс Верстапен.

Доколку Фетел си замине, Ферари ќе останат без светски шампион во својот возачки тандем, што не е случај од 2007 година, кога Раиконен беше шампион.

Доколку Ферари посакуваат шампион, опциите се само неколку: Луис Хамилтон (кој е среќен во Мерцедес), Фернандо Алосно (кој вели дека не се враќа во Ф1) и Кими.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ