Раиконен ќе го изедначи рекордот на Баричело

Возачот на Алфа Ромео, финецот Кими Раиконен, на претсојното Руско Гранд При ќе се изедначи со Руберс Баричело за возач со најголем број на трки во Формула 1. 

Раиконен има 321 трка зад себе од своето деби во 2001 година со што е на само една трка од рекордот на Баричело. Бразилецот стана најискусен возач во 2008 година, поминувајќи го рекордот кој тогаш беше сопственост на неговиот сонародник Рикардо Патрезе.

Финецот ќе го престигнеше овој рекорд и порано, но има 5 трки помалку во неговите цели сезони во Формула 1 бидејќи се тркаше во рели во 2010 и 2011 година. Кими е еден од петте возачи со над 300 трки, а останатите се Фернандо Алонсо со 311 и Шумахер и Батон со по 306 трки. 

Но, типично за Раиконен, тој не му дава значење на ова. 

Мислам дека секој рекорд некогаш ќе се подобри, Тоа секогаш се случува Како што кажав многу пати, не ми прави разлика. Можеби во иднина ќе размислувам различно, Но сега е трка како и секоја друга и ќе се обидам да искористам најмногу што можам. 

Раиконен има 21 победа зад себе, 103 подиума во неговата кариера и е последен шампион на Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ