Раиконен ќе им недостасува на Фетел и Алонсо

На Кими Раиконен можеби нема да му недостасува Формула 1 наредната година, но на неговите поранешни колеги Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо дефинитивно ќе им недостасува неговиот карактер. 

Раиконен ќе се пензионира оваа сезона по 19 сезони во спортот и една титула со Ферари во 2007 година. Фетел возеше со Кими во Скудерија од 2015 до 2018 година и смета дека пријателството било природна работа, но ќе му недостасува финецот на гридот. 

Времето поминува и во еден момент ќе дојде време и за мене и за Ландо и за сите. Дали ќе ми недостасува Кими? Да, Тој е извонреден човек и уживав со него кога ми беше колега.

да бидам искрен, тогаш го запознав и тој е еден од возачите кои никогаш не се променија и секогаш е отворен и ми посака добредојде кога дојдов во Формула 1. Имам голема почит и мислам дека сум немал проблеми со него. Доколку имаш проблем со него, тогаш проблемот си ти.

Тој е одлична личност и сигурен сум дека ќе останеме во контакт. Му посакувам се најдобро и ќе ми недостасува тишината. 

Алонсо беше колега со Раиконен во Ферари во 2014 година и изјави дека многу го цени. 

Мислам дека Кими ќе недостасува во Формула 1. Многу го почитувам и мислам дека го сака спортот по толку години во него. Мислам дека е многу искрен и тоа е дел од Кими.

Без маските тој е ладен и е одлична личност. Се среќаваме по аеродроми, ресторани и други места надвор од падокот каде тој е различна личност. Како што кажав, тој беше одличен во Формула 1 и ќе ни недостасува неговиот карактер кој беше различен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ