Ралф до Фетел: Престани да плачеш

Ралф Шумахер се обрати до Себастијан Фетел дека треба да престане да плаче за новиот АМР21 болид и да научи да се забавува во Формула 1. 

По долгиот и тежок “развод“ со Ферари лани, Фетел има нов предизвик во Астон Мартин кои се одлучија да го отпуштат Серхио Перез за да го донесат германецот. Со новиот старт, неговата лоша среќа продолжи бидејќи на тестот имаше проблеми со болидот, а на првата трка заврши на 15та позиција. Неговите грешки продолжија откако се заби во задниот дел на болидот на Естебан Окон. 

Тој треба да притисне на педалот за гас. Плачењето нема да го забрза болидот. Никому не му е гајле за тоа бидејќи ти си платен за тоа и заработуваш многу од тоа. На крајот на денот Себастијан е искусен возач и четирикратен шампион. Тој мора да се врати на старите патеки независно дали Астон Мартин ќе обезбеди шампионски болид или не – смета ралф.

Шумахер го советува Фетел да се забавува сега кога веќе не е во Ферари. 

ТОј треба да го вози болидот и да се забавува. Можеби треба да се откаже од некои интереси, но мора да вози забавно. Има талент и знае што треба. Знам дека голем е притисокот и ја разбирам неговата фрустрација. Тој сакаше различни работи, а имаше тежок викенд. Прашање е дали понекогаш грешно расудува. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ