Ралф за борбата за титула: Или жалете се или ќутете

Ралф Шумахер изјави дека Ред Бул и Мерцедес треба или официјално да се жалат за евентуални нерегуларности кои сметаат дека постојат, или да престанат да се обвинуваат меѓусебно.

На две трки до крајот на сезоната, борбата за титулата станува уште пожестока бидејќи разликата е само осум поени кај возачите и пет кај конструкторите.

Се надевам дека темите од последните неколку недели ќе се стават на страна и се надевам дека тимовите ќе се повлечат и ќе се сконцентрираат на титулата бидејќи сигурно не сакаат ФИА да го одлучи шампионот.

Мислам дека доста беше од муабетите за крилата и слично. Или поднесете  официјален приговор или престанете со тоа. Треба да има чиста борба за титулата. Би било штета во ваква одлична сезона да има проблеми со ФИА – смета поранешниот формула 1 тркач.

Стручниот аналитичар Шумахер смета дека изјавите на тимските шефови придонесуваат за притисокот во борбата. 

ВО исто време гледам дека тензијата расте и справувањето е потешко бидејќи се раководат од емоции.

Мислам дека Мерцедес се понапред, а Има гласини дека Хонда ќе менува мотор и ќе добие казна од пет места на гридот за да има подобра борба. Ред Бул ќе кажат дека Џеда е повеќе за Мерцедес, а најлошо сценарио е тие да се втори. Мислам дека се ќе биде до гумите. Луис беше извонреден со гумите во Бразил. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ