Ралф конечно призна, без Михаел бев никој

Иако имаше одлична јуниорска кариера, Ралф Шумахер изјави дека влијанието на неговиот брат му ги отворило вратите во Формула 1. 

Тој го имаше своето деби во врвната моторспорт тркачка серија во 1997 година. Германецот имаше шест победи и заврши неколку пати на четврта позиција и покрај успехот, сепак Ралф смета дека неговиот брат му го поплочил патот во Формула 1. 

Без Михаел и Вили Вебер немаше да сум во Формула 1. Мора да бидам искрен, Тие ми ги отворија вратите. Без него ќе бев во Опел Формула 3.

Но, морав да се докажам, Победив на секоја трка пред да влезам во Формула 1. сите очекуваа да бидам многу силен, а не само помал брат на голем шампион. 

Ралф Шумехр се присети на приказна кога бил нарекуван Ролекс Ралф. 

Откако победив на шампионатот во Јапонија, Мекларен Мерцедес ми понудија да тестирам на Хокенхајм. Џордан сакаше да возиме заедно. Се беше добро.

Пред тестот Вили Вебер посети близок пријател кој продаваше часовници и ми покажа Ролекс Дајтона со златно ремче. Само што ги добив парите од наградата во јапонија и тој ми понуди користен часовник кој го купив и како идиот отидов со него на Хокенхајм.

Вили ми организираше неколку интервјуа. Еден претставник на важен медиум од Келн не го доби очекуваното интервју и веднаш напиша статија во која ме нарече Ролекс Ралф. Тоа име долго време го носев со мене. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ