Ралф: Одлично е што Мик стана дел од Мерцедес

Ралф Шумахер смета тоа што неговиот внук Мик Шумахер стана резерва во Мерцедес е добро за двете страни.

Младиот германец не доби продолжување на договорот од Хаас по две години минати со нив, а “сребрените стрели“, кои традиционално се блиски до семејството Шумахер, го донесоа младиот возач како резева и тестер за следната сезона.

Мик ќе биде присутен на сите трки од следната сезона како резерва на Мерцедес, а редовно ќе работи и во симулаторот во Бракли на развој и подобрување на следниот В14 болид.

тимот доби одличен возач кој може да испорача доколку им треба замена на кус ток доколку некој од возачите, од некоја причина, биде оневозможен да вози. од друга страна, мик дојде во екипа каде може многу да научи преку нова огромна структура и се што таа носи – посочи ралф во своја изјава за германски скај.

Дополнително, Ралф очекува Мик да стане резерва и на екипите кои возат со мотор на Мерцедес, односно Астон Мартин и Вилијамс.

мислам дека тој искористи одлична можност затоа што сега има искусна екипа зад себе, искусни и фантастични колеги, а се наоѓа пред голем предизвик во екипа која е заоволна што го доби.

мислам дека не треба да се мисли само на мерцедес затоа што ако во некој момент се појави проблем со возач на екипи кои користат мотори на мерцедес, тој ги знае патеките, го познава моторот и ќе може да замени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ