Ралф: Расел е друга класа спордено со Ботас

Ралф Шумахер смета дкеа младиот Џорџ Расел е друга класа споредено со неговиот претходник, Валтери Ботас.

Актуелните конструкторски прваци може да бидат презадоволни од својот нов возач кој по три сезони во Вилијамс одлично се снајде во сребрениот болид. Тој редовно е пред својот колега, седумкратен првак, побрз е на квалификации и пред него во возачкиот поредок.

Една од главните придобивки на кои Мерцедес се надеваа од Расел беше тоа што веруваа дека Џорџ ќе биде поголем предизвик за Луис и ќе го притисне и мотивира.

расел е друга класа споредено со ботас и многу е константен. исто така, тој е возач кој ги задева останатите, слично на хамилтон, го сакаат, не е здодевен, добар другр е и прави одлична атмосфера во тимот – посочи шумахер.

Поранешниот Формула 1 возач со 180 трки зад своето име и 6 победи, дополни дека начинот на кој Расел ги пребродува проблемите може да го мачи Луис.

расел некако е посилен од луис на многу начин и подобро се носи со пролемите од луис, тоа е јасно. секако дека е себичен, сите ние тркачите сме такви, но подобро се носи со проблеми и притисок. мислам дека, оснодно сигурен сум дека наскоро луис ќе се мачи со него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ