Ралф Шумахер бил загрижен дека Фетел ќе си замине

Ралф Шумахер е задоволен од потврдувањето на Фетел за наредната година како возач на Астон Мартин изјавувајќи дека бил загрижен дека тој ќе се пензионира. 

Фетел потпиша со Астон Мартин минатата година и оваа година се дозна дека имал договор од една година и уште една како опција. 

Задоволен сум што тој одлучи да продолжи бидејќи тоа е важно за Формула 1 во Германија. Да се загуби таква личност и шампион ќе беше штета – смета ралф.

Германецот признава дека бил загрижен дека Фетел ќе се откаже. 

Тој е многу критичен кон себе, Но мислам дека е одлично што сака да продолжи. Во Зандворт не беше расположен и беше загрижен од еколошкиот аспект на Формула 1. Мислев дека му е доста и сака да си оди кај семејството. 

Шумахер кој си замина од Формула 1 пред 11 години за да се фокусира на семејството сега смета дека донел правилна одлука и би го сфатил Фетел доколку го направи тоа. 

Ја знам ситуацијата. Семејството ти е дома, а ти си сам на патеката и со сите проблеми сам се соочуваш. Тоа ме загрижуваше. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ