Раперот Дрејк загубил 220 илјади евра поради Леклер

Канадскиот рапер Дрејк е познат обожавател на обложувањето, но викендов немаше среќа откако се обложил на “мрсна сума“ дека Шарл Леклер од Ферари ќе победи на Шпанското Гранд При.

Тој има спонзорски договор со компанијата за обложување Stake и како дел од нивниот договор, тој редовно постира свои предвидувања и ги открива своите типови. Неодамна тој стави 400 илјади долари на Џастин Гетје кој загуби во УФЦ борбата против Чарлс Оливеира.

Пред Формула 1 викендот тој им откри на фановите дека повторно се обложил на големи пари, овој пат покажа дека ставил 300 илјади канадски долари (околу 220 илјади евра) дека Шарл Леклер со Ферари ќе победи. Но, моначанецот имаше дефект и Макс Верстапен триумфираше.

Доколку Шарл победел, тој ќе добиел 750 илјади канадски долари (околу 550 илјади евра).

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ