Расел бара подобар ритам на трка

Младиот британски возач на Вилијамс, Џорџ Расел, е изненаден од недостатокот на ритам за време на трките споредно со она што го возеле на квалификациите по првите две трки оваа сезона.

По ужасните услови во Сабота на Ред Бул Ринг, Расел стигна до најдобриот квалификациски резултат во кариерата откако постави 12то време и донесе прво појавување во К2 на тимот од Бразилското Гранд При во 2018 година, кога исто така врнеше. Радува и фактот што само 9 илјадити делови од секундата го делеа од К3.

На почетокот на трката тој се бореше за 11то место, но додека се бранеше од нападите на Кевин Магнусен, направи грешка, излета и се приклуи на патеката како 18ти.

јас сум целосно виновен за грешката. не беше доволно добро од мене, а трката потоа беше многу тешка затоа што немавме никаков ритам споредно со она што го возевме на квалифиакциите.

дојдовме на трката мислејќи дека повеќе ќе се мачиме на квалификации, а ќе бидеме посилни на трка поради тоа што го имавме како податок од петочните сесии.

но, двете трки и двете квалификациски сесии беа целосно спротивни од нашите очекувања. имавме силен ритам на квалификации, а на трка многу се мачевме – анализира младиот британец.

На крајот Расел успеа да финишира единствено пред својот колега, дебитантот Латифи, но беше 15 секунди за Пјер Гасли кој беше пред нив и се мачеше со две промени на гуми.

ритамот беше особено бавен и тоа се случува две трки по ред. во пресрет на трката не го очекувавме тоа, мислевме ќе бидеме побрзи, но не беше тоа случајот. треба да разбереме каде погрешивме и да се подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ