Расел би сакал да ги види Вилијамс на чело во поредокот

Иако неговиот престој во Вилијамс е само уште две трки, младиот Џорџ Расел не сака ништо повеќе од тоа да го вити тимот на врвот од гридот повторно.

Вилијамс е екипата која на младиот и талентиран Џорџ Расел му дава шанса три години по ред, сезони во кој тој возеше крај Роберт Кубица и Николас Латифи. Последниот период под сопствеништво на американскиот инвестициски фонд Дорилтон Капитал, беше период на реструктуирање на екипата, а резултатите се видливи на патеката.

луѓето во вилијамс имаат јасна цел во врска со враќањето на тимот на врвот од гридот, но во исто време се реални дека аз тоа е потребно време. ако се обидете да направите нешто посебно за кусо време, нема да успеете во тоа во формула 1.

работите кои ги гледам ветуваат многу, но се работи за 5-10-годишен план и нема од следната година да се борат за победи, иако траекторијата е тука, видлив е патот до успехот.

навистина сум горд што бев дел од тимот особено во текот на транзицискиот период кога напредокот беше очигледен. возбуден сум затоа што ништо повеќе не сакам одошто да го видам тимот на врвот од гридот во иднина – посака младиот британец.

Анализирајќи го периодот на транзиција, возачот е зачуден колку напредувал тимот. Во 2019 година екипата беше неколку секунди од остатокот од гридот, а сезонава често влегуваат и во борба за поени, а се случуваше и тој да влезе во последниот квалификациски сегмент.

ќе го напуштам овој тим на вилијамс со голема гордост. освоив поени неколку пати, бев на подиум со нив и сето тоа се спомени кои ќе ги имам вечно како одлични моменти по претешките периоди кои ги имавме.

сум бил на двете страни, иако не велам дека во моментов сме на успешната страна иако имавме неколку искучително добри трки.

се сеќавам на мојата прва трка кога бев престасан за три кругови и бев три секунди побавен од останатите, а таа година дојдовме на зимскиот тест со болид кој го пропушти половина од зимскиот тест.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ