Расел веќе навикна на К2

Џорџ Расел признава дека повеќе не е ништо невообичаено во тоа што стигна во К2 и најаува дека следна цел му е почеток на трка од топ 10 откако на Јубилејното Гранд При остари 15то време.

Англичанецот вообичаено статуваше од последниот ред во текот на својата дебитантска сезона со Вилијамс минатата година, но оваа е далеку подобар и редовно стигнува до средиот квалификациски сегмент, а тимот е пред Алфа Ромео по перформанси и се на ниво на Хаас.

Но, амбициозниот млад возач на Мерцедес не е задоволен и сака што поскоро да го искуси и последниот квалификациски сегмент и да дојде до првиот поен во својата Формула 1 тркачка кариера.

задоволен сум со квалификациите, но сакам повеќе, повеќе не е невообичаено да сум во к2 и сакам да продолжам да напредувам. докажуваме дека силно сме напреднале, но да бидам искрен мислам дека ја оптимизиравме секоја квалификациска сесија годинава што е одлично. мислам дека немало уште многу простор во болидот, сме ваделе се. се надевам дека можеме да го надоградиме и да одиме на повеќе – изјави расел.

И покрај добриот резултат на квалификациската сесија, тој не е целосно задоволен со својот пакет и вели:

болидот е потежок да се вози оваа од претходната недела кога имав многу поголем простор за оптимизирање. условите се различни исто како и гумите, има повеќе ветер и тоа ја прави мојат работа тешка.

Џорџ најавува дека ќе се трка против Роман Гросжан од Хаас кој ќе стартува пред него, но потоа е промовиран на позиција погоре поради казната на Естебан Окон.

роман беше брз на квалификациите, но искористи два сетови медиум, а ние имаме цел нов сет за трка и во тој поглед сме во подобра позиција. хаас самите одлучија да ги искористат тие два сетови медиум и да се обидат да бидат побрзи од нас, така што трката ќе биде интересна.

имаме брзи болиди окоу себе, но никогаш не се знае дали ќе има некаков инцидент или не.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ