📷 Расел во Абу Даби со кацига посветена на Вилијамс

Џорџ Расел овој викенд ќе вози со посебна кацига која е посветена на Френк и Клер Вилијамс кои го напуштија тимот оваа сезона. 

Со враќањето на Луис Хамилтон по неколкуте негативни тестови на Ковид-19, Расел се враќа во неговиот тим. Вилијамс имаше неколку тешки сезони и оваа година има нов менаџмент и нови сопственици. 

Како резултат на тоа, Френк Вилијамс, кој го основаше тимот во доцните седумдесети и неговата ќерка Клер која го наследи ги напуштија своите позиции во тимот. Расел на оваа трка ќе го слави успехот на тимот од последните четири декади. 

Френк, Клер ова е за вас да го прославите успехот во Формула 1. Ви благодарам за се што направивте за мене и спортот. Се надевам ќе ви се допадне. 

Расел останува во Вилијамс и наредната година покрај Николас Латифи. На една трка до крајот тие сеуште немаат освоено поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ