Расел го одработи тестот со 18-инчни тркала

Џорџ Расел го одработи последниот овогодишен тест за Пирели кој ги вклучува 18-инчните тркала кои ќе се користат во Формула 1 од 2021 година во првиот тест за “сребрените“ на поголемите гуми.

Штитеникот на Мерцедес комплетираше 100 кругови по Јас Марина во Абу Даби со овогодинешниот В10 болид, откако неделава одработи и за Вилијамс и за Мерцедес на последниот тест за Пирели за годинава, насочен кон гумите за 2020.

За да го огрании стекнувањето на предност од овие тестови, Пиреи контролира елементи како планот за тестирање и прибраните податоци кои ги споделува со сите 10 екипи од гридот.

Следната година ќе биде последна во која врвната тркачка серија ќе вози со постоечките 13-инчни тркала, но јуниорската Формула 2 ќе ја има честа прва да ги проба поголемите гуми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ