Расел е Виртуелен шампион по победата во Канада

Џорџ Расел беше во целосна контрола на Виртуелното Канадско Гранд При и стигна до 4та последователна победа на последната трка од виртуелното првенство во Формула 1.

Возачот на Вилијамс стигна до пол позиција со скоро половина секунда предност и ја претвори истата со доминантни перформанси во победа од самиот старт. Поради отсуството на Шарл Леклер кој возеше на виртуелната 24 часа Ле Ман, Расел веќе беше крунисан за неофицијален виртуелен ГП шампион без голем предизвик од другите конкуренти.

Расел стигна до победа пред Алекс Албон со предност од 10 секунди, додека возачот на Мерцедес Естебан Гутиерез го комплетираше подиумот, исто како и во Азербејџан. 

17 годишниот тркач во Формула Рено Еурокуп, Кајо Коле, импресионираше при своето виртуелно деби и заврши на четвртто место, пред Бен Дејли (креатор на YouTube) и јуниорот од Рено, Гуанју Жо. Николас Латифи имаше тешка трка на домашната патека и успеа да заврши на седмо место. 

Ентони Дејвидсон, Калум Илот и Дејвид Шумахер ги комплетираа топ 10, додека дуото на Хаас од Пјетро и Луи Фитипалди не успеаја да стигнат до поени за малку. 

Во трката имаше многу временски казни за кратење на свиоците, а Пјер Гасли беше еден од тие возачи. На крајот французинот беше дисквалификуван поради премногу грешки со преку 25 секунди од казни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ