Расел за Астон: Мелбурн ќе им одговара

Џорџ Расел посочи дека Астон Мартин ќе биде целта на Мерцедес на трката во Австралија каде тимот ќе се обиде да се поправи. 

Но сепак, според него, АМР23 ќе биде многу брз во свиоците кои се нивна специјалност. 

Мислам дека Астон Мартин ќе бидат многу силни. Имаат најбрз болид на вакви свиоци, а тука има многу такви. Ќе се бориме со Астон и Ферари – реален е младиот британец.

Сега за сега, Мерцедес имаше среќа да заврши во топ 5 на првите две трки откако Строл не ја заврши трката во Саудиска Арабија, а Ферари се мачеа со трошењето на гумите во Бахреин. Расел смета дека може до уште едно 4то место со неговиот болид и дека чека надградби во Баку. 

Мислам дека можам да уште едно четврто место или борба за подиум со потенцијалот на овој болид. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ