Расел за малку ќе преминел во ДТМ со БМВ во 2017

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, открива дека бил блиску до договор со БМВ во ДТМ серијата, но потоа добил покана да се приклучи на јуниорската програма на Мерцедес.

Повикот стигнал во 2016 година, кога тој се тркаше во Формула 3. 

Неофицијално бев резервен возач на БМВ во ДТМ. Имав тест со нив и се помина одлично и бев блиску да потпишам договор како постојан возач за 2017 година. Во тој период, веќе прифатив дека немам доволна поддршка да влезам во Формула 1.

Ниту еден од тимовите не беше премногу заинтересиран и јас си помислив дека во ДТМ, сепак ќе имам голема плата, тоа е можеби најдобро нешто по Формула 1 и бев посветен да одам во таа насока.

Еден ден, се бањав и добив повик од французин – Гвен Лагру. Тој ми рече: Џорџ, почнав да работам со Мерцедес и ти си првиот возач кој сакам да го потпишам. 

Тогаш започна се, во мојата када, во 2016 година. Потпишав договор кој започна во 2016 година, а официјално станав возач на мерцедес следната  2017 година – објасни расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ