Расел за подесувањето од Џеда: Не беше на среќа

Џорџ Расел откри дека тоа што бил подобар од Луис Хамилтон на Саудиското Гранд При не било само поради сетирањето како што посочи неговиот колега.

Младиот британец имаше посилни квалификации од седумкратниот првак, а заврши на 4то место пред својот колега. Луис се квалификуваше на 8мо место, напредна три позиции до 5то на трката, а потоа се пожали на сетирањето.

не мислам дека поставувањето на болидот беше на среќа, туку се должи на подготовка пред настанот и промените кои ги направивме во текот на ноќта пред трката.

знаев дека ја носам вистинската одлука со работата која ја правев со инженерите од тимот, верував дека ќе биде подобро од сетирањето за кое луис се реши. сите имаат различни преференци, а јас бев задоволен со насоката која ја одбрав и се покажа добра за мене – објасни џорџ.

Со оглед на проблематичниот В14 кој го имаат на располагање, Расел беше задоволен од перформансите на последната трка за тимот.

мислам дека саудиска арабија беше еден од најсилните викенди за мене со мерцедес. од квалификациите бев задоволен со тоа како се одвиваа работите, трката беше силна, а 4то место беше апсолутен максимум кој можевме да го постигнем.

Младиот британец остана особено задоволен од трката во Саудиска Арабија поради тоа што Мерцедес завршиле пред двата болиди на Ферари, иако зад Алонсо од Астон кои се нивни муштерии.

ферари веројатно беа побрзи од нас викендот, а го имавме и строл чиј болид откажа, но беше зад нас, така што 4то место е одличен резултат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ