Расел: Имаме различни проблеми на секоја трка

Џорџ Расел е оптимист дека Силверстон ќе му одговара на Мерцедес, но предупреди дека на секоја трка се судруваат со различни проблеми. 

Мерцедес се мачат со својот болид В13 откако првично тој премногу потскокнуваше, а сега има проблем со крутоста. Расел сепак успеа да заврши во топ 5 на сите трки до сега и Мерцедес поради него е на трета позиција кај конструкторите.

Мислам дека брзата патека на Силверстон ќе ни одговара, но нема гаранции. Секоја патека ни дава различен предизвик и имаме различни проблеми, но мислам дека ќе бидеме поконкурентни.

Решаваме еден проблем и се појавува друг. Потскокнувањето е решено и кога го возиме ниско тој агресивно удира по патеката – откри џорџ.

Расел појасни дека во однос на висината на болидот перформансите не страдаат и тој не е зачуден од тоа. 

Како и да возиме има различни ефекти и поради тоа е тешко да се подеси. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ