Расел искрен: Сузука бараше премногу менаџирање гуми

Џорџ Расел откри дека Јапонското Гранд При било трка на која менаџирал гуми како никогаш претходно на својот пат до 9то место.

Младиот британец останал фрустриран што загубил позиции за време на двојната промена на гуми изведена од страна на тимот кога трката го дочека рестартот. Сите возачи беа обврзани да користат сино маркирани гуми за дожд кога се појавија на патеката, но откако безбедносното возило се повлече, во само неколку кругови сите променија на зелено маркирани интермедиа.

Во тие моменти Расел се возеше на 7мо место и дискутираше со својот инженер дали треба да влезе по нови гуми или не. На крајот ја испочитува тимската одлука и влезе во бокс зад Хамилтон на двојна промена, но механичарите беа бавни кај Луис, а тоа се одрази и на негово губење позиции по што се приклучи на трката на 12то место.

Доколку ја продолжеше серијата за дополнителен круг, темпото на бавните гуми за дожд ќе беше компензирано од времето што го загуби во место чекајќи двојна промена, така што ќе испаднеше на подобро.

тоа беше најлошата одлука што можевме да ја донесеме – незадоволно изјави расел преку тимското радио напуштајќи го боксот.

На крајот, возачот на Мерцедес трката ја заврши на 9то место со импресивни претекнувања и фокус на гумите кои требаше да траат до крајот од трката.

уживав во тркањето и претекнувањето, но беше навистина проблем да се менаџираат гумите. оваа трка беше најсилен менаџмент и пазење на гумит во мојата кариера со оглед на тоа што беше мокро и бев изненаден.

во јапонија беше втора последователна трка која не беше добра за нас, но ќе почекаме да ревидираме и анализираме се за да видиме како понатаму.

Тој беше свесен дека мокра трка нема ад дозволи користење ДРС и со тоа ќ се потенцира нивната слаба праволиниска брзина откако одбраа да возат со многу потисна сила во Сузука.

беше многу тешко за сите. овие формула 1 болиди без користење на дрс е невозможно да се претекнат. во иднина можеби ќе треба да се размисли како да се иркористи предност од цела секунда во ритам над одреден болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ