Расел: Мерцедес паѓа во проблеми со конфигурирањето

Џорџ Расел изјави дека Мерцедес цело време паѓа во проблеми при обидот да го конфигурира болидот. 

Тимот од Брекли смета дека го средил потскокнувањето и сега се справува со тврдиот болид. Тој додаде дека секоја патека е различен предизвик за инженерите и дека не знае што да очекува на Силверстон. 

Мислам дека брзата патека повеќе би требало да ни одговара. Нема гаранции бидејќи секоја патека е различна и не знаеме што ќе ни понуди. Имаме различни проблеми на секоја трка. Дали ќе сме конкурентни не знам, Мислам дека болидот има проблем. Потскокнувањето е средено и сега имаме проблем со висината и тврдината на болидот  – посочи марко.

Мерцедес одлучија да возат со висок подигнат болид во Монтреал, но Расел смета дека тоа не им ги намалило перформансите. 

Пробавме со кренат болид и со спуштен. Не губев перформанси, но тврдината на болидот не е променета. Имавме подобрување во брзината, Но далеку сме од топ тимовите. Мислам дека сепак нема голем напредок во брзината. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ