Расел му се извини на Ботас

Џорџ Расел му се извини на Валтери Ботас за неговото однесување по саудрот на Емилија Ромања Грнд При трката признавајќи дека тоа не било негов најдобар ден.

Младиот возач на Вилијамс беше бесен откако имаше силен судар за Ботас, верувајќи дека финецот од Мерцедес го истуркал од патеката и не му дал простор да мине, но вистината е дека минувањето преку влажен дел од патеката придонесе тој да загуби контрола над болидот.

По сударот, Џорџ отиде до Валтери и го праша дали сака да се убијат, а по крајот на трката изјавуваше дека Ботас не би се борел толку жестоко против друг возач. Но, социјалните медиуми.

вчера не беше мојот најдобар ден. знаев дека имола ќе биде една од најголемите шанси за поени за нас сезонава, а кога тие поени значат толклу како што ни значат на нас во моментов, мора да ризикувам. овој пат ризикот не се исплатеше и морам да превземам одговорност за тоа.

имав време добро да размислам за се што се случи по трката, знам дека требаше подобро да изреагирам во ситуацијата. емоциите може да бидат многу големи во такви моменти, а вчера моите емоции ме совладаа. му се извинувам на валтери и на мојот тим како и на секој кој е разочаран со моите постапки.

јас не сум таков и очекувам повеќе од подобро од себе, исто како што и другите очекуваат повеќе од мене. научив вредни лекции викендов и тие ќе ме направат подобар возач и подобра личност.

сега се фокусирам на португалија и тоа е шанса да покажам каков сум всушност. им благодарам на сите за пораките, без разлика дали беа позитивни или негативни, сите ми помогнаа – напиша расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ