Расел не очекува Сочи да одговара на болидот

Откако беа во поени на поголемиот дел од Тосканското Гранд При, Вилијамс не очекуваат силна трка на патеката во Сочи за Големата награда на Русија.

Британскиот тим немаше среќа да освои поени на Муџело со Џорџ Расел, кој беше во топ 10 се до последниот рестарт. Тоа беше најблиску што Расел бил до поени цела сезона, но во пресрет на трката во Сочи, тој не очекува да бидат конкурентни.

Беше разочарувачки што не завршив во поени на Муџело, поени кои мислам дека ги заслуживме целосно. Сепак, тоа ни даде мотивација да извлечеме поголеми перформанси од болидот.

Русија на хартија не ни одговара како Муџело, но научивме некои работи околу сетапот во последните неколку недели и се надевам тоа ќе ни овозможи да бидеме поконкурентни. Мислам дека уживав во одморот по интензивни 11 недели и сега останува да се бориме во Русија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ