Расел не чувствува притисок од Мерцедес

Џорџ Расел се чувствува нормално пред првата сезона со Мерцедес и не чувствува додатен притисок од шампионската екипа. 

Оваа година, по три сезони минати со Вилијамс, тој ќе биде колега на Луис Хамилтон во тимот кој освои осум конструкторски и седум возачки титули во последните осум сезони. Со поголем процент на победи од било кој друг тим, Расел е во позиција да се бори за победи и можеби титула. 

Младиот британец го знае тоа и сигурен е дека тоа нема да му направи проблем. 

Се чувствувам нормално. Не можам да кажам дека нема притисок, но кога ќе ја ставам кацигата заборавам на се – откри џорџ.

Расел имаше една шанса да вози трка со Мерцедес кога Хамилтон беше позитивен на Ковид-19. Тој иако имаше одлична трка, но сепак, поради проблем во боксот при менвуање на гуми заврши на 9та позиција тој ден. 

Имав среќа да имам искуство со Мерцедес. Стартував од првиот ред и се борев за водство во првиот свиок. Подоцна се бранев. Немам притисок кога возам бидејќи сум навикнат на тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ