Расел: Ништо не е потврдено за Мерцедес

Џорџ Расел тврди дека сеуште не е ништо потпишано за наредната година по се погласните шпекулации дека тој ќе го замени Валтери Ботас во Мерцедес. 

Расел е долго време поврзан со фабричкиот тим и место покрај Луис Хамилтон и се очекува одлуката да биде соопштена во Британија на Силверстон. Финецот Ботас ги окарактеризира гласините како “ловци на кликови“ на пресот во Франција, но Расел сепак изјави дека иднината сеуште не му е потврдена. 

сеуште ништо не е потпишано. Јас сум возач на Вилијамс до крајот на годината и немам друг договор за понатака – уверува џорџ.

Расел е сигурен дека не треба шпекулациите да го дефокусираат од подобрувањето на перформансите. 

Доколку сум добар на патеката ќе имам подобри шанси за во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ