Расел објасни зошто не е лесно да си колега со Хамилтон

Џорџ Расел го победи седумкратниот првак Луис Хамилтон во првата заедничка сезона, но признава дека тркање крај црномурестиот британец било огромен предизвик.

Џорџ го замени Валтери Ботас кој мина пет години во доминантниот Мерцедес, откако претходно беше три сезони дел од Вилијамс, но имаше тешка сезона зад Ред Бул и Ферари во борба за перформанси. И покрај тоа, 24-годишникот редовно освојуваше поени и заврши на 4то место во шампионатот со 275 поени, две места пред Луис и 35 поени пред него.

Исто така, Расел стигна до единствената победа за Мерцедес сезонава и прва за него на Бразилското Гранд при кога донесе доминантен 1-2 за “сребрените стрели“.

се чувствувам многу среќно што сум дел од оваа екипа, што имам колега како луис од кого премногу учам и ме притиска до самиот лимит. не е лесно да се биде колега со некој што е великан во спортот, но на многу начини сум привилегиран и ми е чест.

сите нии кои сме дел од овој падок сме пресреќни што патувам низ светот тркајќи се со најбрзите болиди на светот на најдобрите патеки во светот. така, има многу работи за кои треба да бидеме среќни – посочи расел.

Иако стигна до првата победа, единствена за тимот сезонава и сака да гледа на позитивните работи од сезоната, тој се надева на далеку подобра сезона догодина.

сакаме да ги извлечеме позитивните работи од сезоната. патешествието како тим беше фантастично, но по нашите стандарди, не беше доволно добро.

има светлина на крајот од тунелот и сите ќе работат претерано напорно во текот на зимата и се надеваме дека следната сезона во бахреин ќе бидеме многу подобри и ќе бидеме голем предизвик за водечките екипи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ