Расел објаснува зошто Вилијамс ги надминале очекувањата

Откако освои поени на четири од последните шест трки во Формула 1, Џорџ Расел признава дека не очекувал дека Вилијамс ќе ужива во таква конкурентна сезона.

Вилијамс не успеа да освои ниту еден поен минатата сезона, година во која тимот беше купен и од американски Дорилтон Капитал. Како резултат на тоа, Клер и Френк Вилијамс се повлекоа од менаџерските улоги, што претставува прв пат Вилијамс да не е под водство на семејството Вилијамс од основањето на екипата.

Работите значително се подобрија во 2021 година, сепак бидејќи Вилијамс во моментов има 23 бода со преостанати шест трки, достигнување што Расел не го сметаше за можно пред почетокот на сезоната.

Би рекол дефинитивно не, по првиот тест или трка, да бидам искрен – рече Расел на прашањето дали мислел дека е можно неговото неодамнешно освојување поени.

Очигледно, пред сезона секогаш се надевате и секогаш мислите дека тоа ќе биде подобрување во однос на претходната.

Но, секако по тестот во Бахреин и трката во Бахреин, нема шанси да помислам дека тие статистики ќе беа возможни. Има многу работи за кои треба да му се заблагодарам на тимот, тие носат многу добри одлуки во вистинските моменти.

На Расел му помогнаа неодамнешните трки на влажна патека, завршувајќи го скратеното Белгиско Гранд При на второ место, но тој истакна дека Вилијамс како тим добро се снашол и ги искористил максимално можностите што им се даваат.

Ако се навратиме на овие трки, Спа беше очигледно влажно, Русија беа многу незгодни услови и во квалификациите и во трката, Будимпешта, ние исто така ја започнавме трката на интермедиа И во Монца каде што условите беа прилично стабилни, но дури и тогаш го имавме форматот на Спринт трка, така што работите повторно беа поинакви.

Само што направивме неверојатна работа изминатите трки, бевме на вистинското место во вистинско време за да ги искористиме овие моменти.

Го подобривме и болидот, Го разбравме повеќе, пробавме некои работи и работите испаднаа подобри отколку што би можеле да очекуваме. Најдовме извесни перформанси таму.

Можеби беше малку штета да не се освојат повеќе поени во Сочи, со оглед на околностите, но дефинитивно беа добри пет трки.

Вилијамс моментално се наоѓа на осмото место во шампионатот за конструктори, со 16 поени предност од Алфа Ромео.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ