Расел оптимист: Ќе се обидеме да го победиме Макс

Џорџ Расел со својот Мерцедес заврши на 2ро место на денешните квалификации на Алберт Парк, веднаш зад Макс Верстапен и смета дкеа има добра шанса за победа утре.

“Сребрените“ се мачат со својата форма од почетокот на минатата сезона, а и овогодинешниот болид нема силни перформанси како што се надеваа во текот на зимата. Но, успејаа да го искористат проблемот на Серхио Перез и да се квалификвуаат на 2ро и 3то место. Ред Бул нема победа во Австралија од 2011 година.

мораме да се обидеме, дефинитивно ќе пробаме да победиме. макс ќе биде страшно брз, нема сомнеж во тоа. дополнително, мислам дека е многу тешко да се претекне на оваа патека, така што стартот и првиот круг ќе бидат клучни.

ред бул имаат фантастична максимална брзина на правците  и поради тоа ќе биде многу тешко да се бориме со макс, но ќе видиме како ќе биде, имаме трка утре и ако имаме можност ќе одиме на триумф – посочи младиот британец.

Расел верува дека тимот направил многу за да ги разбере слабостите на болидот по првите две трки, а квалификацскиот ритам бил изненадување за него.

мислам дека научивме многу за боидот, иако се уште не сме онаму каде што сакавме да бидеме. еволуиравме од бахреин до џеда и повторно од џеда до овдека, а тоа е видливо по подобрените перформанси на истиот болид.

гумите ќе бидат многу важни викендов, како што и макс претходно кажа, а нашата брзина во послендиот извозен круг беше сензационална. задоволен сум со тоа што сме толку блиску до ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ